Костовски: Законот за потеклото на имотот ќе ја олесни борбата против корупција
Костовски: Законот за потеклото на имотот ќе ја олесни борбата против корупција

Мартин Костовски во своето вечерашно гостување во „Патот конт“ во Алсат М, смета дека законот за потеклото на имотот ке ја олесни борбата против корупцијата, нагласувајќи дека секој функционер мора да го оправда своето богатство додеда траел мандатот.
„Во 2021 година беше најавен законот за потеклото на имот, кој ќе ја олесни работата на државата во борбата против корупцијата, а сега во овој момент работната група поддржана од Советот и ЕУ ја финализира драфт-верзијата. Некои работи кои ќе значат подобрување во борбата против корупцијата, сега секој функционер има можност да се оправда пред јавноста со поднесување анкетен список, притоа целиот свој имотот го евидентира во тој анкетен лист за периодот додека му трае мандатот“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Според него оваа не е доволно, бидејќи функционерите можат да имаат имоти на туѓо име.
„Според нас, според мене лично, ќе кажам дека ова не е доволно, туку напротив, новината која што беше најавена и се надевам дека и оваа драфт верзија ќе се испитува доколку имотот е префрлен на трето лице. Со тоа ќе можеме да најдеме трага како се стекнал тој имот и како оделе тие трансакции. Се надевам да се изврши конфискацијата на имотот над 30.000 евра, чије потекло не може да се докаже“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ./ Alsat.mk