ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор

Нема потреба од носење на Закон за амнестија само со една и единствена цел да се намали пренатрупаноста во затворите, туку треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор. Сето ова како законско решение го имаме и треба да биде почесто применувано, изјави судијката во Основниот кривичен суд Скопје, Билјана Коцевска пред почетокот на работилницата „Предизвици за надминување на затворската пренатрупаност“.

Advertisements

Судиите, според Коцевска, треба да се охрабрат да изрекуваат поголеми условни отпусти со заштитен надзор, како и примена на електронскиот надзор од причина што, како што нагласи, неколкуте закони за амнестија коишто беа досега донесени не ја постигнаа целта и можеби само моментално се намалува пренатрупаноста во затворите, но за многу кратко време повторно има пренатрупаност во затворите.

–  Сметам дека судиите треба навистина да се охрабриме да даваме поголеми условни отпусти во насока на постигнувањето на целта не само на намалување на пренатрупаноста, туку и на постигнувањето на целта на казнувањето, намалување на рецидивизмот, а со тоа автоматски ќе се намали и затворската популација, односно пренатрупаноста, истакна Коцевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button