ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Коцевски: Формиран е специјален обвинителски тим, истрагата ќе биде брза и темелна

Формиран е специјален обвинителски тим кој ќе работи на случајот со изгорената дискотека во Кочани, откри на прес-конференција држабниот обвинител Љупчо Коцевски.
Тој информира дека петмина обвинители и еден раководител се дел од тимот, по двајца обвинители од Кочани и Скопје и еден обвинител од Штип.
Коцевски не откри детали за тоа дали се утврдени првичните причини за пожарот, ниту пак откри колкумина осомничени досега се испрашани. Тој не информираше каков тип на наредби с еиздадени и какви истражни дејствија се преземени, на пример, дали се прегледани некои видео материјали.
Државниот обвинител најави повеќе информации во текот на денот и вети брза и темелна истрага.