Коцевски: Нема основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека го добил предлогот за негово разрешување и оти во разумен рок ќе се произнесе по сите точки. Според него, нема ниту еден основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда.
Во изјава за медиуми пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, на прашање на што се повикува предлогот, Коцевски одговори дека отприлика се повикува на она истото што беше во медиумите истакнато во последниот период.
– Во текот на вчерашниот ден доставен ми беше предлогот од страна на Советот на ЈО, и во еден разумен рок ќе се произнесам по сите точки. Останувам на тоа дека од она што имав можност да го разгледам, дека во предлогот нема ниеден основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда, рече Коцевски.