
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди судиите за финалните натпревари на сите четири натпреварувања кои се во нејзина организација.
Финалето од Лигата на Европа на 22 мај на стадионот „Авива“ во Даблин каде ќе се сретнат Баер Леверкузен и Аталанта ќе го суди романскиот судија Иштван Ковач.
Португалскиот судија Артур Соареш Диас е назначен за главен судија на финалето на Конференциската лига, Во финалето ќе се сретнат Фиорентина и Олимпијакос на 29 мај на стадионот „Аја Софија“ во Атина.
Финалето на женската Лига на Шампиони меѓу Лион и Барселона, кое ќе се одигра на 25 мај на „Сан Мамес“ во Билбао, ќе го суди англичанката Ребека Велч.