ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Ковачев: Бугарските предлози повторно ќе бидат доставени за пленарната седница на ЕП

Бугарскиот портал БГНЕС објави подолго интервју со европарламентарецот од ГЕРБ, Андреј Ковачев, кој детално ги анализира случувањата околу извештајот на Томас Вајц за Македонија и односите меѓу Бугарија и Македонија. Неговите главни поенти се дека унгарскиот премиер Виктор Орбан имал голема улога во блокирањето на предлозите за измена на извештајот на Вајц, дека бугарските предлози повторно ќе бидат доставени за пленарната седница на ЕП, дека текстот ниту сега не содржи ниту „вековни“ ниту „многувековни“ теемини и дека за протекувањето информации до Христијан Мицкоски директно се пожалиле на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Advertisements

Според Ковачев на Кос тие јасно и порачале дека на Бугарија не ѝ требаат медијатори бидејќи условите за, како што ни се обраќа, „Скопје“ се многу јасни.

-Во последните неколку недели, Мицкоски постојано се појавуваше пред медиумите и рече дека разговара со луѓе во Брисел, дека е задоволен од работата со известувачот Вајц, дека знае нацрт-текстови кои не треба да бидат јавни, што значи дека едноставно добива информации. Прашањето е од каде – дали е од пратеник, дали е од вработен? Ова е едната страна на работите. Другата страна е дека извештајот беше усвоен само во комисија и оди во пленарната сала.

Не е вистина она што го кажа Христијан Мицкоски – дека Европскиот парламент ќе го признае „вековниот македонски јазик и идентитет“. Такво нешто не постои, и ако треба да употребиме друг збор – едноставно Мицкоски не ја кажува вистината. Такво нешто не е усвоено во ниту еден текст. Но, за да бидеме уште појасни – Европската народна партија, европските социјалисти, Зелените и Либералите ќе ги обноват овие амандмани. Предлогот за јасен и недвосмислен текст треба да се достави во писмена форма.

На 24 јуни во АФЕТ, европратениците – еден Португалец, еден Чех, еден Австриец и тројца од Фидес на Виктор Орбан се спротивставија на гласањето за овој амандман. Веќе ќе ја завршевме оваа работа, но бидејќи Орбан интервенираше и ги замоли своите европратеници да му помогнат на Мицкоски против предлогот на ЕПП, каде што наводно припаѓа Мицкоски, ќе мора да почекаме уште две недели за ова да се случи во пленарната сала. Тој вели дека во текот на овие две недели ќе работи напорно за да го спречи ова, што повторно е еден вид притисок – ако сакате, емоционален притисок – врз колегите. Од Скопје се кажуваат работи што не се вистинити. Нема таков пакет каков што зборува Мицкоски – „вие го признавате нашиот вековен македонски идентитет и јазик, а потоа ние ќе ги вклучиме овие неколку стотици Бугари во уставот и само во преамбулата“. Мицкоски нема да добие „бомбона“ (од ЕУ) додека ги омаловажува Бугарите. Многу е тажно што одлучи да оди во оваа насока, порача Ковачев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button