ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Ако ОБСЕ пред 30 години и помогна на Македонија, денес С. Македонија му помага на ОБСЕ

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, изрази надеж дека на средбата ќе бидат потврдени одлуките донесени од амбасадорите и дека организацијата ќе продолжи успешно да работи.
„Ако ОБСЕ пред 30 години и помогна на Македонија, денес Северна Македонија му помага на ОБСЕ да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа. Се надевам дека ќе бидат потврдени одлуките донесени на ниво на амбасадори и дека ОБСЕ ќе продолжи успешно да работи“, рече Ковачевски.