ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски бара од АНБ извештај за државјанствата

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, со кого, како што вели, разговарал за закочените барања за државјанство. Димовски следната недела треба да го информира Ковачевски за фактичката состојба. Пред отчетот на директорот на Агенцијата, Ковачевски не сакаше да открие детали за конкретни решенија согласно законот.

Advertisements

За барањето на партијата Алтернатива, која е дел од парламентарното мнозинство, да се формира комисија во Владата за разгледување на закочените барања кои се во постапка, Ковачевски рече дека решението треба да дојде од Парламентот. Доколку Собранието препорача такво нешто, тогаш Владата може да формира комисија која ќе ја разгледува небрежноста на АНБ и одолговлекувањето на процедурите за државјанство. Законот за државјанство го санкционира решението по барање на граѓанинот во рок од 6 месеци. Доколку релевантната институција не врати одговор во овој рок, одговорот се смета за позитивен и треба да се покрене постапка за добивање државјанство. Официјалните податоци на МВР покажуваат дека во моментов АНБ има 2657 барања за државјанство. Од нив само лани се поднесени 1247. Премиерот Ковачевски вчера рече дека Агенцијата од поранешниот УБК наследила околу 20 илјади предмети и оти повеќето од нив се процесуирани.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button