ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски бара ремонт за Судскиот совет, ВМРО инсистира на колективна оставка

Ковачевски бара ремонт за Судскиот совет, ВМРО инсистира на колективна оставка

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека Судскиот совет треба да се „ремонтира“ во смисла на промена на функционирањето и составот. Според него, ова е неопходно и се темели на сите меѓународни анализи и извештаи. Премиерот вели дека во рамките на ова тело мора да се локализира индивидуалната одговорност.

Advertisements

Но, опозицијата инсистира на колективна оставка. Според ВМРО-ДПМНЕ, Судскиот совет треба да биде разрешен под сомнение дека бил и останува во служба на Владата.

Министерот за правда Кренар Лога вчера соопшти дека се разгледува можноста за суспендирање на мандатот на сите членови на Судскиот совет преку законско решение. Во последниве месеци Советот е во фокусот на јавноста поради случувањата од несогласувањата на членовите.

Прво, нелегално беше разрешенена претседателката на Советот, одлуката потоа беше повлечена, па постапката повторена, а пред неколку недели оставка поднесоа двајца членови. Изборот на нови членови се очекува во средината на јули, но неофицијално се зборува дека дотогаш може да има и нови оставки.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button