ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Барањето за референдум е за внатрешно – политичка употреба на Мицкоски

Ковачевски: Барањето за референдум е за внатрешно – политичка употреба на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ да расчисти идеолошки дали сака да ја види земјава членка на Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, коментирајќи ја најавата на опозицијата за организирање на референдум за пристапните преговори со Унијата, со прифатениот француски предлог.

Advertisements

Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов, заедно со Левица, е партија која е против зачленување во Европската Унија. Според него, барањето за референдум е ирелевантно и служи единствено за внатрешно-политичка употреба.

„Оваа држава од денот на првата Меѓувладина конференција го започна патот на своето зачленување во Европската Унија. Од тој пат нема ниту назад, нема ниту лево, а има уште помалку десно, односно кон Истокот. Така што сосема е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум, којшто треба да биде изјаснување против зачленување во Европската Унија“, изјави Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ повикаа власта, но и сите политички партии да ја поддржат нивната иницијатива.

„Потегот на Стево Пендаровски да го поддржи референдумот е добар почеток, и се надеваме дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта. Доколку тие одлучат да не го поддржат, тоа ќе значи дека се плашат од народот и дека единствена цел им е на сила да го протуркаат концептот за бугаризација и асимилација, за само да останат ден повеќе на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата инсистира на задолжителен, а не на консултативен референдум./Alsat.mk

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button