МАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Бевме една од трите земји во светот што долго време немаат попис

Премиерот Димитар Ковачевски во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат изрази задоволство од спроведениот попис, кого го оцени како успешен, додавајќи дека истиот е спроведен со методологија одобрена од страна на Евростат.
„Ние бевме една од трите земји во светот кои толку време немаа спроведено попис. Тој беше спроведен врз основа на методологија којашто е одобрена од страна на Евростат и со присуство на експерти од ЕУ. Се работи за комбиниран модел на попис при што се користени девет бази на податоци од различни институции“, рече Ковачевски.