ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Датумот за избори треба да го договорат сите партии, а не само две

Датумот на изборите треба да го договорат сите политички партии, а не само две, смета премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска изјави дека работните групи на партиите треба да го договорат терминот за избори и другите детали во врска со нив.

– Датумот на изборите е предмет на дискусија меѓу сите политички партии, а не само на две политички партии. И Изборниот законик и одржувањето на изборите се прави согласно со закон и Устав, согласно со мандати. Оваа година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори, рече Ковачевски.

Премиерот не одговори дали изборите би можеле да бидат на 8 мај, како што предлага опозицијата. Рече дека средби меѓу партиите треба да има и дека на нив треба да има општ договор меѓу работните групи на политичките партии, кои треба да разговараат за деталите за изборите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button