ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски-Дендиас: Зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Грција

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендиас кој е во еднодневна посета на нашата земја.

Advertisements

За време на разговорот, беа потенцирани заложбите на Грција за целосен ангажман и активна поддршка на Северна Македонија во европската интеграција при што беше потенцирано дека Атина ќе продолжи со ангажманот за усвојувањето на преговарачката рамка и за формалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ.

На средбата било истакнато дека Владата на Северна Македонија е фокусирана на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји со силна посветеност за исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа и изразената подготвеност за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.

,,Од овој состанок, на кој треба да учествуваат претставници на стопанските комори на двете земји и раководните менаџери на повеќе компании, се очекува натамошно унапредување на економските односи меѓу Северна Македонија и Грција која е четврта земја по вредноста на трговската размена која од година во година бележи постојан раст, стои во соопштението.

 

Министерот за надворешни работи на Грција Дендиас го издвоил посебниот придонес на Северна Македонија во градењето и зајакнувањето на регионалната соработка, стабилноста и добрососедските односи како посебно значаен аспект за регионот и пошироко.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button