МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Директори што креираат загуби имаат поголема плата од двајца министри заедно

Мора да се стави ред и да се знае кој, за што и колку заработува во државата, вели премиерот Димитар Ковачевски во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат. Како што кажа тој, постојат случаи кога вработени на одредени позиции во јавниот сектор имаат повисоки плати од претседателот на државата и од претседателот на Уставниот суд.

„Ако ги видите менаџерските договори на директори на јавни претпријатија, коишто прават загуби години наназад, на членовите на управните и на надзорните одбори, имаат поголема плата од двајца министри заедно. А, креира со години загуба. И не прават ништо да се намали таа загуба…не сакам да споменувам називи на работни места. Ако навлезете и ја видите платата…поголема од платата на претседателот на државата и од претседателот на Уставниот суд“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button