ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: ЕСМ е отворен за соработка со Скопје-Север

ЕСМ останува отворен за соработка со топланата Скопје Север и нуди помош во обезбедувањето на ресурси за производство на топлнска енергија. Последниот збор треба да го има раководството на Скопје Север и да потпише договор дека парите кои ќе ги добие од државата ќе ги врати, но засега тоа не го прави директорот на компанијата Куштрим Рамадани. Тој за дел од грејнава сезона набавил мазут и природен гас и ги комбинира овие енергенси за да има испорака на топлина во домовите на граѓаните од Бутел и Чаир кои се приклучени на мрежата на оваа топлана.

Advertisements

„Ние како компанија можеме да склучиме со нив договор за техничка соработка исто како и претходната грејна сезона за да можеме да помогнеме во делот на обезбедување на ресурс, а тое е природен гас или следната опција е договор за закуп онака како што направивме со топланите Исток и Запад“, рече директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button