Ковачевски: Фактот дека водиме дебата значи дека се работи за клучно прашање

Фактот дека водиме дебата подолго време, значи дека се работи за исклучително клучно прашање. Доколку се работи за одлука која што не дефинира иднина, тогаш веројатно и дебатата не би се водела ниту толку долго, ниту толку детално. Процесот ќе се води, ќе се дебатира и ќе заврши успешно за граѓаните и за државата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан до кога ќе трае процесот и кога ќе се гласа за уставните измени.
Тој останува на ставот дека секоја стратешка одлука е одлука која што ја определува иднината за повеќе генерации.
-Доколку се работи за одлука која што не дефинира иднина, тогаш веројатно и дебатата не би се водела ниту толку долго, ниту толку детално, ниту на толку нивоа. Ова само потврдува дека се работи за исклучително важно прашање и ќе се води толку колку што е потребно, за да се донесе правилна и вистинска одлука за остварување на целите и визијата на граѓаните на оваа држава, рече Ковачевски.