ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ги намаливме трошоците за производство на јаглен

Два активни рудници за јаглен и уште еден се очекува да биде отворен за неколку месеци. Со оваа подготвеност ТЕЦ Битола може целосно да се стави во функција за електрична енергија. Од ЕСМ велат дека со реновирањето на системот за испорака на јагленот од рудниците до термоцентралата, трошокот е намален на 11 евра за тон, додека поправката на трите блока ја зголемила производната ефикасност. И покрај овие ветувачки изјави, сметките растат, а граѓаните стравуваат од можни рестрикции.

Advertisements

„Најевтино е домашното производство, кое сега е со значително намалување на трошоците откако ангажиравме багери. Системите се координирани според рударскиот проект. Оваа година имаме најниски трошоци за производство на јаглен во последната деценија“, вели Ковачевски.

„Од 2011 година беше 12 евра за тон, потоа се помести 16-14 евра за тон, оваа година имаме пониска производна цена од 11 евра за тон. Успеавме да ги намалиме трошоците затоа што согоруваме домашен јаглен, кој во првите 9 месеци е 5-6 пати поевтин од купувањето од соседните земји. Според тоа, цената на струјата падна на 58 евра за Мегават час, што на крајот се продава на универзалниот снабдувач“, рече Љупчо Кижевски, директор на производство ТЕЦ-Битола.

Раководителите на ЕСМ и ТЕЦ-Битола соопштија дека во моментов работи блок 2, додека блок 1 е ќе биде пуштен во употреба до крајот на неделата. Според директорот, до крајот на месецот се очекува и опожарениот трансформатор од Блок 3 да се врати во функција . Но, нашата земја продолжува да откупува јаглен од Грција и Албанија, бидејќи јагленот во нашата земја не е со висока горивна моќ за да го исполни максималното производство на електрична енергија.

Во ТЕЦ Битола моментално се произведуваат околу 230 мегават час електрична енергија, бидејќи работи само еден од трите блока на оваа електрана. Кога би работел со полн капацитет, би продуцирал околу 650 мегават час, што би било доволно за потрошувачите во домаќинствата. Во случаи кога јагленот нема доволно калории за да ја задоволи моќноста на три котли, тогаш се става во функција употребата на мазут, кој исто така ќе се увезува.

Сепак, ова не гарантира намалување на сметките за потрошувачите во домаќинствата или индустријата, бидејќи се очекува РКЕ да ги ревидира цените до крајот на годината Од Електраните велат дека пораст на цените ќе има во цела Европа, па може да има поместувања на цените и во Македонија, но за блок-тарифата 3 и 4 кои се категоризираат како најголеми потрошувачи. Од друга страна, Владата ниту годинава не успеа да се префрли на гасовод, план кој во трите блока се очекува да се реализира во следните 10 години.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button