Ковачевски ги повика ВМРО ДПМНЕ да се придружат на работната група во Правда

Премиерот Ковачевски ја повика опозициската ВМРО ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група која функционира во Министерството за правда. Таму се разговара за измените на Изборниот законик и препораките на ОБСЕ, а може да се разговара и за тајмингот на претстојните избори.
Ковачевски смета дека секој друг формат на договарање би бил вон-институционален.
-Изборите се распишуваат согласно Закон и согласно Устав и согласно мандатот на избраните функционери, тука пред се мислам на Претседателот на државата и на пратениците и нормално во рамките на законските рокови може да се разговара за финеси, во однос на тајмингот. Се друго е одржување на средби, коишто се вон формат, каде што сите треба да го дадат својот збор и своето мислење, мислам дека е вонинституционално, рече Ковачевски.