Ковачевски го коментира барањето на опозицијата за распуштање на пржинската влада

Барањето на опозицијата за распуштање на пржинската Влада само потврдува дека СДСМ ја врати довербата и создаде услови за слободни и демократски избори, оценува премиерот Димитар Ковачвски. Сепак, според него, Договорот од Пржино е одобрен со консензус на четирите најголеми политички партии во земјава, па и неговото укинување мора да се направи со консензус меѓу најголемите политички партии во земјава.
„Во барањето на опозицијата за распуштање на пржинската Влада стои дека имаме демократски амбиент во државата, кој не постоел во времето кога се формираше пржинската влада, во тоа време имавме заробена држава, каде што администрацијата и државата. Апаратите се користеа за партиски цели, медиумите не беа слободни да си ја вршат работата, а денес сите медиуми се достапни за сите политички чинители, без разлика на позиција или опозиција. Со ова само се потврдува дека СДСМ, Владата и нејзините коалициски партнери ги вратија демократските принципи на владеење. Но, имајќи предвид дека Пржинската Влада е одобрена со согласност на четирите најголеми политички партии, тоа значи дека на ист начин мора да се направи и нејзино решавање“, изјави Ковачевски.