
Владата донесе одлука за промена на методологијата за утврдување на цената на нафтените деривати.
Според новата методологија, цените ќе се менуваат на дневна основа и со тоа ќе се избегнат големи промени на цените, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.
„Го намалуваме ДДВ-то од 18% на 10% за дизел, бензин, мазут и гас. Оваа мерка ќе ги заштити потрошувачите и ќе има влијание врз цените“, рече Ковачевски.
Тој појасни дека со овие мерки наместо 85,6 денари, дизелот ќе биде 75,5 денари, бензините наместо 91,5 денари би се намалиле за 11,5 денари.