ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски го предложи Пенов за министер за локална самоуправа

Ристо Пенов беше предложен од премиерот Ковачевски за нов министер за локална самоуправа. Премиерот го изрази своето задоволство од предлогот на Пенов на оваа функција бидејќи го опишува како човек кој докажал добро владеење додека бил на чело на Град Скопје.
Во ВМРО-ДПМНЕ не се убедени за изборот на Ковачевски. Според нив, Пенов е човек на Црвенковски и Шекеринска.
Гласањето во Собранието неофицијално се очекува во петок. Пенов ќе дојде на функцијата министер за локална самоуправа откако поранешниот министер Горан Милевски поднесе оставка од оваа функција, како што рече, од приватни причини.
Фатлуме Дервиши