ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски и Мицковски попладне на средба во Владата

Во Владата денеска попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврдија од Владата, наведувајќи дека средбата ќе се одржи во 16 часот. Претходно, во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.

Advertisements

„Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за средба на која ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицкоски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата“, изјави синоќа Кадиевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button