ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Идејата за референдум е за внатрешно-партиска употреба на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека прашањето за референдум што го отвора опозицијата е само за нивна внатрешно-партиска употреба и оти политиката која ја водат на, како што рече, штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто што може да им се прави на граѓаните.

-Собранието донесе одлука оваа држава да продолжи по патот кон своите европски интеграции. Во таа одлука учествуваа пратеници од политички партии кои застапуваат наширок круг граѓани во државата без разлика на политичка, етничка или верска припадност. Оваа држава ќе оди на патот на европските интеграции, и што и да правите нема да ја скршнете ниту лево, а уште помалку десно кон исток, рече Ковачевски во одговор на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button