ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Имаме две коалиции во државата – за и против ЕУ

Во државата постојат две коалиции, едната за, а другата против членството во ЕУ, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски. Како што оцени тој, коалицијата противник на интеграциите во Унијата ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Говорејќи за потребното двотретинско мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот, Ковачевски рече дека тоа било обврска на сите народни избраници во парламентот.

Advertisements

„Во однос на поставеноста на политичките партии, ние многу јасно имаме издиференцирано во државата две коалиции, едната – за европска Македонија и која со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види С Македонија како дел од ЕУ и друга коалиција, со ВМРО-ДПМНЕ и Левица, којашто се противат на членството на државата во ЕУ… Пратениците се тие коишто ги претставуваат граѓаните во парламентот и треба да бидат во висина на задачата и сите 120 да поддржат продолжување на патот кон ЕУ“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button