Ковачевски: Историчарите да се занимаваат со историја, политичарите со политика

Историчарите да се занимаваат со историјата, а политичарите со политиката, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски. Запрашан за коментар по последните наводи од дел од бугарските историчари дека преродбеникот Кирил Пејчиновиќ бил Бугарин, Ковачевски вели:
„Мислам дека треба да бидеме смирени, бидејќи имаме многу јасна преговарачка рамка со ЕУ, каде што историските прашања, се дел од работата за историската комисија, во којашто има 14 историчари, по 7 од двете страни и сите тие, заедно, со консензус, мора да ги донесат сите решенија. На историчарите им препорачувам тие да се занимаваат со историјата, политичарите со политиката и на тој начин ќе имаме и доби соседски односи и побрз напредок на државата“, рече Ковачевски.