ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски ќе го кандисува Мицкоски да поддржи промена на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека на средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се разговара за две работи: неопходните одлуки за евроинтеграциите и за добрососедските односи. „Ќе треба да најдеме начин тие да ја поддржат одлуката бидејќи оваа одлука значи глас за наша интеграција во ЕУ и не може и не треба да биде предмет на дневно-политички калкулации или политички поени. Иднината на граѓаните, на сегашните и на идните генерации е многу поважна од кариерата на кој било политичар и при носењето вакви одлуки мора да се надминат личните и идеолошките разлики“, потенцира Ковачевски во изјава за МИА по средбата во Братислава со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button