Ковачевски: Ќе имаме редовни избори, датумот ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе имаме редовни избори, а нивниот датум ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието.
-Што се однесува до самите избори, мислам дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прави замена на тези, бидејќи тој зборуваше дека ќе има предвремени избори, а јас зборував дека ќе има редовни избори. И на крајот ќе имаме редовни избори. Тоа значи дека она што јас сум го зборувал останало како така од првиот ден од кога разговаравме за изборите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ две години зборуваше на секои три месеци дека само што не се случиле предвремени избори коишто де факто и де јуре не се случија. Во однос на самиот датум, тој ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието, како и секогаш до сега како што бил договорен, рече Ковачевски.