ЕКОНОМИЈА
Ковачевски: Ќе понудиме 100% испорака на струја и мали покачувања на цената

Директорот на Државните електрани, Васко Ковачевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат не одговори директно запрашан за очекуваните поскапувања на струјата. Како што кажа тој, поскапувањата ќе биле мали, а испораката на струја 100 проценти.
„Јас сум убеден дека цената којашто ние ќе ја понудиме на 24 јуни, на тендерот на ЕВН Хоум, ќе биде 100% испорака на електрична енергија и цена којашто нема да предизвика големи турбуленции или големи поскапувања, односно, поскапувањата ќе бидат мали“, рече Талевски.