Ковачевски: МНР соодветно реагираше на провокациите на Џамбаски

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека нашето МНР соодветно реагирало на провокациите од бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, кој викендов присуствување на одбележувањето на ликот и делата на револуционерката Мара Бунева.
„МНР мислам дека реагираше соодветно, бидејќи, иако станува збор за политички маргиналци, каде што дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава. Тонот на комуникација со официјалните институции на Бугарија е на многу повисоко ниво, во однос на тоа што беше во минатото. Сепак, иако се маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Единствена цел им е да провоцираат и да ги поткопуваат напорите на С Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработката“, рече Ковачевски.