ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски на 100 дена пред изборите ќе поднесе оставка, наскоро средба со Мицкоски за техничката Влада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска изјави дека очекува наскоро да има средба со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема „техничка Влада“.

Advertisements

– Секако дека ќе имаме состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека тоа е најнормална комуникација, во која што ќе бидат разговарани овие теми. Меѓутоа, сепак не се работи за нешто што може да има слободно толкување, се работи за законска одредба во однос на ресори и позиции коишто секои од партиите застапени во Парламентот согласно законското решение ги пополнува, рече Ковачевски.

Прашан кога би се сретнале со Мицкоски, Ковачевски одговори дека тоа ќе се случи скоро, но, како што рече, бидејќи се работи за техничко прашање мисли дека тоа и нема да биде помпезна лидерска средба, како што обично знаат да бидат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button