ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето вечерашно обраќање рече дека на СДСМ му е нанесен тежок удар и тоа како од граѓаните така и од членството и од симпатизерите на партијата. Ковачевски повика на итна анализа во партијата и свикување на отчетен конгрес, со цел потполно консолидирање на целата партија. Тој најави и промени во партијата почнувајќи од претседателот, раководството и другите органи во СДСМ.

– Не сакам да носам избрзани заклучоци и не сакам да посочувам виновници. Јас и партиското раководство имаме одговорност, како и сите избрани функционери што имаат одговорност, но и партиските функционери. Никој реално не е без одговорност. СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре, да размисли што направиме и кои се резултатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години – додаде Ковачевски.

Ковачевски им ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, како и на нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button