ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски најави средба со парламентарните партии во Собранието

Декември нуди можност да се организира средба во Собранието со парламентарните партии, на која ќе ги дефинираме сите детали околу одржувањето на изборите, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Вабтек МЗТ“ АД Скопје, одговарајќи на новинарско прашање дали се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година.

Advertisements

„Се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година. Во месец мај има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Во однос на техничката влада, таа е законска обврска. На 100 дена пред одржување на изборите согласно Законот за Влада, кој е важечки во државата, има техничка влада“, посочи Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button