Ковачевски најави средба со Мицкоски за техничката Влада

Техничката Влада е законска одредба и немојте да мислите дека не постои комуникација меѓу политичките партии во Парламентот, кои се застапени, истакна денеска претседателот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски кој денеска по посетата на Битола одговараше на новинарско прашање за кога ќе имаат средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема техничка Влада.
Средба за техничка влада ќе има откако партиските органи ќе заседаваат, вели Ковачевски
-Така да тоа ќе биде откако партиските органи ќе заседаваат нормално, ќе има средба, којашто јас веќе кажав нема да биде највувана преку медиуми, бидејќи такви средби не треба да се најавуваат преку медиуми, туку ќе биде еден нормален разговор за реализација на тоа што е определено, согласно законот, односно распределба на ресорите во техничката Влада, изгласувањето на таа техничка Влада во Собрание, рече Ковачевски.