Ковачевски не ги коментира заканите со бомби

Премиерот Ковачевски не ги коментира заканите со бомби во училиштата. Остави да одговори министерот за внатрешни работи Спасовски, а тој пак, рече дека во моментов нема нарушување на безбедносната состојба.
Според надлежните, главно се работи за мрежи „ВПН“ и дека не може да се добие Ај Пи адреса точно каде е, но во светот се појавуваат илјадници Ај Пи адреси. Шефот на државата Стево Пендаровски рече дека во моментов нема позначителна потреба за свикување на седница на Советот за безбедност, но потенцира дека сите разузнавачки агенции се на готовност.
Пред неколку дена во Брисел беше потпишан договор меѓу Македонија и Европската комисија во областа на справувањето со тероризмот. Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието. Според опозициската партија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да биде повикан на одговорност за лажните дојави за бомби во училиштата.
Аднан Ќаили