ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Не сум видел сестринска партија од една земја да учествува во изборен процес во друга држава

Сестрински партии од други држави може да поддржат партија во друга земја, но немам видено сестрински партии од една земја да учествуваат во избори во друга држава, рече премиерот Димитар Ковачевски запрашан за коментар по наводите дека партијата Самоопределување, на косовскиот премиер Албин Курти, би можела да учествува на престојните избори во земјава, заедно со албанскиот опозицискиот блок.

Advertisements

„Не е непознато сестрински партии да учествуваат во политичка поддршка на партии во други држави. Меѓутоа, до сега немам видено партии од други држави да учествуваат во изборен процес во друга држава. Треба да се види на што точно се мисли, бидејќи ако почнат политички партии од соседството да учествуваат во избори во нашата држава, може да се случи да сакаат да учествуваат и од други држави, што мислам дека би претставувало некаква, не толку посакувана динамика“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button