ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Не треба да има субвенционирана струја за компаниите кои не ги намалија цените

Ковачевски: Не треба да има субвенционирана струја за компаниите кои не ги намалија цените

Министерството за економија и официјално побара владара ја укине субвенционирата струја за компаниите од прехранбениот сектор. Како што обави Алсат ова е пордаи непочитување на договорот за намалување на цените на прехранбените производи. Премиерот Димитар Ковачевски не се согласува со податокот на Министерот за економија Крешник Бектеши дека 70 отсто од компаниите од прехранбениот сектор не ги намалиле цените и вели дека добар дел од фирмите го испочитувале договорот. Премиерот на некој начин застана во одбрана на компаниите и рече дека оние кои не ги намалиле цените по се изгледа дека други имале зголемени трошоци.

Advertisements

„Она што го имаме е дека, кај најголемиот или да кажеме кај добар дел од компаниите имаме намалување на цените на прехранбените производи од седум до 12 проценти“, рече Димитар Ковачевски премиер.

„Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, речиси над 60-70% не ја почитувале истата одлука и ги држат истите цени споредено со ноември пред да влезе на сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија“, изјави Крешник Бектеши министер за економија.

Причината пак за неуспехот на оваа мерка за намалување на цените на храната, експертите за Алсат го лоцираа во тоа што ја оценија како несистемска и ненавремена. Економистите посочија дека не може да се очекува дека преку џентлменско ветување државата и стопанството ќе се договорат, бизнисот да добие евтина струја и потоа да ги намали цените на своите производи. За тоа да се случеше, мораше да се донесе закон кој ќе содржеше конретни обврски, но и санкции за непочитувачите./Алсат.мк

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button