ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Нека ни е среќен почетокот на пристапните преговори

Нека ни е среќен почетокот на пристапните преговори и сигурен сум дека набрзо ќе се радуваме заедно на полноправното членство на Северна Македонија во Европската унија“, се обрати премиерот Димитар Ковачевски по одржувањето на првата меѓувладината конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ.
„После 17 години го направивме клучниот историски чекор на патот кон остварување на деценискиот сон за кој огромен број на граѓани, лидери, стопанственици, државни службеници, новинари, експерти кои долго време работеа на тоа. За остварување на оваа стратешка цел донесовме мудри и храбри одлуки во интерес на иднината на нашите деца“, рече тој.