ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски ниту „за“, ниту „против“ хрватскиот модел за промена на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски ниту е „за“ ниту „против“ хрватскиот модел за промена на Уставот, кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачевски треба да се расправа и да се изнајде, како што рече, македонски модел кој одговара на домашните закони. Тој додаде дека обврска на сите политички партии е да ги поддржат стратешките одлуки за земјава, а уставните измени да не се користат во дневно-партиски цели.

Advertisements

„Вие кажавте за хрватски модел, излезе друга политичка партија којашто кажа за швајцарски модел, трета излезе за белгиски модел зборува… Затоа треба да се седне на експертско ниво, за да се изработи предлог којшто одговара на македонското општество и којшто одговара на нашите закони“, рече Ковачевски.

Ковачевски ставот го сподели на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во посета на земјава. Пленковиќ ги повика партиите да изнајдат натпартиски консензус за стратешки исчекор, со кој за неколку години Македонија може да биде членка на Европската Унија. Тој не одговори дали го фаворизира т.н. хрватски модел за Уставот на земјава.

„Што се однесува до моделот, без разлика што тука се спомнува хрватскиот модел, јас ќе повторам за политичките партии во Македонија и институциите да изнајдат модел на уставни промени кој е најдобро решение кое е применливо и својствено за овде за Северна Македонија“, рече Пленковиќ.

Пленковиќ рече дека Македонија била неоправдано попречувана на евроинтегративниот пат, а сега треба да се искористи моментот за забрзување на динамиката кон зачленување во Унијата. Тој истакна дека ја поддржува идејата и хрватското малцинство да стане дел од Уставот заедно со другите заедници.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button