ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски очекува поддршка во Собранието за законите за коридорите 8 и 10д

Премиерот Димитар Ковачевски очекува поддршка во Собранието за усвојување на измените на пакетот закони за доизградба на коридорите 8 и 10д, бидејќи, како што изјави денеска, се работи за важно усогласување на нашата регулатива со цел нивно побрзо, поевтино и поефикасно градење.

Advertisements

– Нашите граѓани заслужуваат патишта по кои ќе возат брзо, сигурно и кои ќе овозможат регионален развој на сите градови на потегот на Коридорот 8 и Коридорот 10д. Коридорот 8 го поврзува Тетово со албанската граница, а Коридорот 10д – Прилеп и Битола, каде на граѓаните им беше ветуван автопат што не беше направен никогаш. Сега во наредните пет години ќе биде изграден, рече Ковачевски.

Тој повтори дека Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“  е доставен до Јавното обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупцијата, како и до вработените во Јавното претпријатие за државни патишта, кои се вклучени во овој проект.  Испратено е и писмо до Собранието за презентација на Договорот на соодветна Комисија на барање на пратениците од опозицијата со безбедносен сертификат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button