МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Очекувам разговорите со Бугарија да поминат во духот на европските вредности

Разговорите на ниво на министерства за надворешни работи очекувам да бидат во духот на европските вредности, со почитување на двете држави и на достоинството на граѓаните и на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за овонеделната средба на ниво на МНР со Бугарија.

Advertisements

Ковачевски посочи дека професионалци од Министерствата за надворешна работи од двете страни ќе работат на изнаоѓање решенија за отворените политички прашања врз меѓународни стандарди кои потоа ќе бидат споделени и со јавноста.

„Кога ќе имаат резултати во однос на нивните разговори кои ќе бидат на ниво да може да се смета дека се прифатливи, тогаш нормално дека и владите ќе ги разгледуваат, а ќе бидат споделени и со јавноста низ процедура и со институциите задолжени за нивно разгледување и евентуално усвојување“, изјави  Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button