ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Софија: За стопанството, електрична енергија со подобри услови од берзанските цени

Ковачевски од Софија: За стопанството, електрична енергија со подобри услови од берзанските цени

Премиерот Димитар Ковачевски добил уверување од неговиот бугарски колега Галап Донев дека Бугарија ќе и помогне на земјава доколку во Македонија има недостаток на електрична енергија. Во среда ќе биде формирана и работна група која ќе ги договора деталите за енергетската соработка. Освен за електричната енергија двајцата премиери имале позитивни гледишта и за интерконекторот за гас и за останати проекти поврзани со енергетската криза.

Advertisements

„Разговаравме за количините кои се потребни кај нас, со оглед на тоа дека Република Бугарија е извозник на електрична енергија благодарение на капацитетите кои ги имаат, особено електрична енергија произведена од нуклеарна централа“, рече Димитар Ковачевски премиер.

„Бидејќи Бугарија има големи капацитети како за потребите на економијата, така и за индустријата на Северна Македонија, за домаќинствата и станува збор за 200 мегават часови преносна електрична енергија за периодот до 31 март 2023 година“, рече Галап Донев премиер на Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button