Ковачевски од Тирана: Очекуваме конструктивна дискусија за зголемување на регионалната соработка

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокотот на Самиот на лидерите на Берлинскиот процес денеска во Тирана порача дека очекува конструктивни дебати за зголемување на регионалната соработка.
– Очекувањата се дека ќе имаме конструктивна дискусија прво во однос на зголемување на регионална соработка, во однос на зголемување на инвестициите за поврзување на регионот, односно на сите земји во регионот и посебно разговори во однос на обезбедување на енергетска независност и обезбедување на дополнителни финансиски средства за енергетско осамостојување на регионот и зелена транзиција на енергетскиот сектор. Дополнително ќе биде потпишан и договор за меѓусебно признавање на дипломите на фармацевтите, потоа на акушерките, на медицинските сестри коишто доаѓаат како дополнување на она што го потпишавме на минатиот самит, а тоа беше признавање на дипломите на лекарите и на другите дејности кои се регулираат согласно со европските директиви, посочи Ковачевски.