Ковачевски од Вилнус: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан зависи од брзата евроатланска интеграција на регионот

Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводи делегацијата на Северна Македонија на Самитот на НАТО во главниот град на Литванија, како што јави известувачот на МИА од Вилнус, денеска ќе учествува на двете сесии на Алијансата, а ќе одржи и билатерална средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.
-Денеска продолжуваме со две други сесии, првата е со нашите партнери од индо-пацифичкиот регион тука со нас се присутни Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија на кои што ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето на мирот во светот во овој нов геополитички момент. На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет на кој исто така ние премиерите и претседателите, претствници од Западен Балкан ќе го реафирмираме и ставот за важноста на европските и евроатлантските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ, вели Ковачевски пред средбите во Вилнус во изјавата објавена на неговиот фејсбук профил.