ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски одговори за понудата од ВМРО-ДПМНЕ за евтини енергенси

Премиерот Димитар Ковачевски денеска и порача на ВМРО-ДПМНЕ контактите за набавка на евтина струја да ги достави до АД ЕСМ или до Министерството за економија.

Advertisements

Тоа се адресите до кои опозициската партија треба да се обрати ако навистина има такви контакти и ако сака да помогне, напомена Ковачевски, одговорајќи на пратеничко прашање. Во неговиот Кабинет, како што истакна, нема архива за прибирање понуди, ниту, пак, може да доѓаат пратеници или министри со некакви контакти.

Премиерот подвлече дека секоја помош во овие услови е добредојдена и ќе се почитува. Воедно повтори дека на 15 октомври ќе почне грејната сезона во Скопје и дека парно ќе има.

-Зборувате за контакти од компании кои може да обезбедат енергенси со одредени цени. Нека се достават тие контакти за евтина струја во архивата на АД ЕСМ или до министерот за економија за да видиме какви се понудите, какви се условите за испорака, која е според меѓународните стандарди точката за преземање на енергенсите и ако понудата е најдобра, ќе биде прифатена. Секоја помош во овие услови е добредојдена, никој не одбива ништо. Ако навистина постојат такви контакти, тоа се адресите: ЕСМ и Министерството за економија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button