МАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Опозицијата беше против мерката за плати, од вчера го смени ставот

Опозицијата постојано се противеше на предлогот за покачување на минималната плата, а реториката ја смени по усвојување на законот, вели во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, премиерот Димитар Ковачевски.
„Опозицијата не е против оваа мерка од вчера, кога ја донесовме. Пред тоа беше против. И првиот пат кога ја носевме беше против. Од вчера не се или од изутрина прочитав дека не се“, вели Ковачевски.