МАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Определбата е оние со поголеми примања да придонесат повеќе во државните приходи

Владата има јасна определба дека луѓето коишто заработуваат повеќе треба да плаќаат поголеми даноци на државата, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски. Како што кажа тој, во тек се анализи кои би покажале кој тип на данок колку оптоварува. Прогресивното оданочување не мора да значи зголемување, може да значи и намалување на некои даноци, вели Ковачевски и додава:
„Имаме јасна определба дека треба да има праведност и правичност при оданочувањето. Односно, оние коишто имаат поголем имот, поголеми примања, да придонесуваат повеќе во приходите на државата“, рече тој.