Ковачевски откри кој е виновен за лакрдијата со автопатот Кичево-Охрид

Премиерот Димитар Ковачевски не гледа вина во себе и во неговите министри што автопатот Кичево-Охрид нема да биде готов до крајот на годината, иако силно ја уверуваа јавноста во тоа. Сега откако најавија можност за раскинување на договорот со кинеската компанија Синохидро, премеирот вели дека одговорноста треба да се бара во изведувачот и проектаните.
„Во одговорност и во надлежност изградба на инфраструкура е на Министерството за транспорт и врски, но одговорен за проектирање на автопатот се проектанските куќи што го направиле проектот, а тие имаат име и презиме, имаат лиценци кои ги добиле во оваа држава, а одговорен за изградба на автопатот е изведувачот на работите, кој има договор со сила на закон. И таа договорена страна врз основа на проекти од проектантот имаат прифатено дека автопатот ќе го завршат до крај на 2023 година“, рече Ковачевски.
Одлуката дали договорот со Кинезите ќе биде продолжен или раскинат ќе треба да ја донесе Собранието. Во вториот случај Македонија би можела да се најде во ситуација да мора да плаќа пенали, а пари ќе изгубат и фирмите подизведувачи.
„Тука по автоматизам паѓаат банкарските гаранции на Синохидро и Синохидро ги повлекува банкарските гаранции на нашите компании. Нашите компании имаат околку 50 милиони евра банкарски гаранции.Тие средства ќе бидат заробени“, рече Илиос Вилос, Технички факултет во Битола.
Автопатот Кичево-Охрид се гради цела една деценија, поточно од 2014 година. Останува нејасно зошто актуелната власт чекаше толку долго време за да заклучи дека автопатот нема да може да се изгради во предвидениот рок и покрај бројните медиумски извештаи дека на теренот многу малку се работи.
Мики Трајковски