ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ова е година на одлуки – за европски напредок или изолација, трето нема

Членството во Европската Унија не е, и не може да биде предизборно ветување кое никогаш нема да се реализира. Ние си зададовме задача тоа да го реализираме до 2030 година. Годинава која започна е година на одлуки – одлука за европски напредок, или изолација. Трето нема, порача премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во Скопје.

Advertisements

– Немаме право да стоиме во место, уште помалку да се враќаме назад. Немаме право да дозволиме кочничарите да бидат погласни од прогресивните. Немаме право да дозволиме личните да бидат над државните интереси. Немаме право да ги повторуваме грешките на претходниците. И имаме многу право, имаме најмногу обврска да бидеме оптимисти. Да имаме и покажеме внатрешна самодоверба. Да имаме и да покажеме капацитет, знаење, работа, фокус и енергија. Да имаме и да покажеме држава. Бидејќи сето тоа го имаме, и треба конечно да се избориме за граѓаните, за државата, за европска Македонија, за држава која сите ја сакааат и во која сакаат да живеат, изјави Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button