ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Поединци во Слупчане злоупотребуваат повеќе луѓе за свои цели

Поединци во Слупчане ги блокирале патиштата и тие треба да одговараат. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека не се одговорни сите жители за блокирање на работата и селските патишта, туку само поединци. Тој рече дека вработените во ЕВН добиле гаранции од локалните власти за непречено извршување на работата.

ЕВН неколку пати беше спречена да изврши санирање и модернизација на електричната мрежа во селото Слупчане, општина Липково. Пред два дена, неколку жители штом ги забележале работниците на ЕВН во селото ги избркале, а потоа се собрале на патот да го блокираат влезот во селото. Но, ја попречија и работата на медиумите, заканувајќи и се на екипата на Алсат да си замине и да престане со снимање. Истиот ден, како што потврдија од ЕВН, дел од жителите искршиел делови од трансформаторските станици на ЕВН, поради што многу села од општина Липково останале без струја, како и граничниот премин Табановце.

Во текот на вчерашниот ден жителите на село Оризаре протестираа пред канцелариите на ЕВН во Куманово, но им беше соопштено дека наскоро ќе се реши проблемот со жителите на село Слупчане.

Во моментов екипи на ЕВН работат во регионот на општина Слупчане, каде, како што велат, ја санираат и модернизираат електропреносната мрежа, со што потрошувачите ќе добијат поквалитетни услуги и реални сметки.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button