ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Политиката на чекање нема да донесе промена на преговарачката рамка

Премиерот Димитар Ковачевски повика на промена на Уставот во актуелниот парламентарен состав. Тој вели дека заклучоците од последното заседание на Европскиот Совет се јасни и без уставните измени не може да се отворат преговарачките поглавја. За ситуацијата ја обвини опозицијата, која според него, воопшто и не кажува која би била алтернативата за евроинтегративниот пат. Ковачевски рече дека заради лична политичка агенда се повторува 2008-мата година кога земјата можеше да стане членка на НАТО.

Advertisements

„Ние сега имавме празен гол, чист пенал и заради ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Демократски Сојуз, не го шутиравме. // Сега ќе ме прашаат како понатаму. Само едно е понатаму – изгласување на уставните амандмани во Собранието во овој парламентарен состав. Тој што чекал ништо не дочекал. Тоа правило е за дефетисти и губитници“, рече Ковачевски.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ, смета дека во моментов главната политичка битка е битка за консензус за членство во Европската Унија до 2030 година. Според него, секој загубен ден скапо не чини.

„Како што минатата недела бевме фрустрирани и ни беше тешко што Украина и Молдавија ги почнаа преговорите, а ние не добивме чекор напред, така 2030 година ќе има церемонија на којашто ќе се прифаќаат нови држави-членки и ние треба да се бориме да не ни биде криво ако не сме на таа бина“, рече Маричиќ.

Ставовите беа споделени на трибината за проширувањето на ЕУ во организација на институтот „Фридрих Еберт“. Во својство на потпретседателка на Партијата на европски социјалисти учествуваше и Радмила Шекеринска. Таа нагласи дека ПЕС дава поддршка за членство до 2030 година.

„Без јасна пристапна перспектива, сите истражувања покажале дека политиката на условеност на ЕУ не може да продуцира реформи за европеизација. За секој голем проект на ЕУ успехот станал видлив дури кога се ставени рокови и од тие причини ова што го бараме ниту е нереално, ниту е без преседан“, вели Шекеринска.

Шекеринска порача да се заврши процесот на уставните измени, додавајќи дека нивната содржина не претставува никаков ризик за државата. Според неа, тезата дека нема потреба од брзање е опасна и погрешна, а можноста за забрзана интеграција нема да трае предолго.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button